Претседателот Пендаровски и сопругата присуствуваа на погребот на Кралицата Елизабета Втора

Од:

Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, денеска во Вестминстерската опатија во Лондон присуствуваше на Државната погребна служба на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета Втора.

По службата, претседателот Пендаровски присуствуваше на приемот што го приреди Секретарот за надворешни работи, Комонвелт и развој на Обединетото Кралство, Џејмс Клеверли.

Вчера, претседателот Пендаровски во Вестминстерската сала оддаде почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, а во Ланкастер хаус се потпиша во книгата на жалост.

Вчеравечер, претседателот Пендаровски во Бакингамската палата присуствуваше на приемот што за шефовите на делегациите го приреди Неговото Величество Кралот Чарлс Трети.

На погребната служба во Вестминстерската опатија, присуствуваа над 2.000 високи гости од целиот свет. Ѕвоната на Вестминстерската опатија биеја 96 пати на секоја минута, означувајќи ја должината на животот на Кралицата. Ова е прва погребна служба за монарх во опатијата од 18-от век до денес.

Би можело да ве интересира

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска

(ВИДЕО) Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е изборот за успех на државата, се друго е рецепт за продолжена агонија, за враќање на режимот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Наместо да се извинат за 27 април, кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател најавува амнестија за насилниците

Горан Наумовски

Пендаровски: Во Крушево дојдов за да ви кажам дека и тука и во цела Македонија ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

Предраг Петровиќ