„Започна ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола. Од денес, па во следните триесетина дена на постројката ќе бидат извршени неопходните зафати со цел зголемување на нејзината стабилност и доверливост во текот на претстојната грејна сезона“, се наведува во соопштението на ЕСМ.
„Заради енергетската криза во која се наоѓа Република Северна Македонија и Европа и потребата од континуирано и зголемено производство на електрична енергија, ремонтот на Блок 1 на РЕК Битола ќе се изведува пократко од вообичаениот период.
Потребите за електрича енергија на граѓаните и малите потрошувачи се задоволуваат целосно преку другите производни капацитети на АД ЕСМ. Од денес во погон е ставен РЕК Осломеј, а од 22 септември започнува со работа и ТЕЦ Неготино.
По завршувањето на ремонтот на Блок 1, планирани се ремонтни активности и на Блок 2, додека Блок 3 се очекува да биде ставен во функција на почетокот на ноември“, се додава во соопштението на ЕСМ.