Пилотот на Мерцедес, Британецот Луис Хамилтон ќе стартува прв на утрешната трка за големата награда на Белгија на патеката Спа Франкошампс.
Зад него се пилотите на Ред Бул, Ветел како втор и Вебер трет, па следува неговиот тимски колега Нико розберг на четвртата позиција.
Пол ди Реста од Форс Индија заврши како петти, а зад него шампионот од 2009 година Џенсон Батон.
Мало разочарување беа пилотите на Лотус и Ферари, последовно Грожан, Раиконен, Алонсо и како десетти Фелипе Маса.
Трката за Големата Награда на Белгија на патеката Спа Франкоршамп е закажана за утре, во 14:00 часот средноевропско време.