Лукашенко: Колапсот на Украина е веќе почнат, ќе биде срамнета со земја

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вели дека САД ја туркаат Европа кон вооружен конфликт со Русија и Украина со цел да ја ослабат Русија и да ја уништат Белорусија.

„САД ја туркаат Европа во воен конфликт со Русија на територијата на Украина. Тие не ги кријат своите планови“ – рече Лукашенко на собирот по повод Денот на народното единство.

– Украина ќе биде срамнета со земја. Колапсот на Украина веќе почна. Полските, литванските и латвиските политичари очигледно наивно очекуваат да се пазарат за својата иднина во новата геополитичка реалност“, рече Лукашенко, пренесува руската агенција ТАСС.

Лукашенко вели дека овие земји ја повторуваат истата грешка од почетокот на 40-тите години на минатиот век. Тој праша дали некој се сеќава на „чизмите на фашистичка Германија и Хитлер“.

„Полското раководство тогаш ползеше повеќе од кој било друг. И до што доведе тоа? На почетокот на септември, за само две недели, Полска престана да постои. Срамота е што нашите соседи не ги научија лекциите од историјата“, рече претседателот на Белорусија, пишува ТАСС.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски