Стоилковски: Зекир Рамчиловиќ докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, награден со амбасадорско место

Од:

Антимакедонската СДС продолжува со девастација на дипломатијата со срамни недостоинствени вработувања на свои миленици, а сега и со именувања на амбасадори. Именувањето на Зекир Рамчиловиќ, докажан со гласање на антимакедонски зафати во Парламентот, сега е награден со амбасадорско место и тоа среде корупциски скандали и за МНР и за Рамчиловиќ, изјави на денешната прес-конференција Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Рамчиловиќ без никакво дипломатско искуство се испраќа за амбасадор во време кога е отворен предмет за вработувањето на неговиот син во МВР, откако претходно и за неговата сопруга беше отворен предмет во ДКСК за вработување во кабинетот на МВР.

Според Стоилковски именувањето на пратеникот од антимакедонската СДС е дипломатски скандал, во низа по скандалозните обиди за именувања на ликови како Фрчкоски, Теута Арифи и други на амбасадорски и конзулски функции, со што докажано, МНР е претворено во дувло за миленици на антинародната власт!

Оттука Ковачевски и Османи мора да одговорат, со што Рамчиловиќ заслужил да биде именуван за амбасадор? Кои се неговите квалификации? Ковачевски и Османи мора да одговорат дали дипломатскиот пасош за Рамчиловиќ е награда за корупцијата и антимакедонското делување? Дали е ова обид за сокривање на Рамчиловиќ од правдата за непотистичките вработувања?

Антикорупциската комисија по втор пат отвора предмет за Рамчиловиќ, а корумпираната власт го праќа за амбасадор во држава членка на НАТО! Наместо постапка пред македонските институции за непотизмот, Рамчиловиќ е награден со амбасадорски, дипломатски пасош за него и неговото семејство!

Македонија меѓународно доживува порази, тоне во скандали, а Ковачевски, Османи и антимакедонската власт се занимаваат со ухлебување на свои миленици и нивно сокривање од лицето на правдата.

Потребни се итни избори по коишто ќе бидат ревидирани сите случаи и ќе има одговороност за сите порази и девастација, изјави Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ