Блинкен ја обвини Русија за извршени застрашувачки дела по откриените гробови во Изјум

Од:

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја обвини Русија за „застрашувачки“ дела, по откривањето стотици тела закопани во близина на украинскиот град Изјум, посочувајќи дека можеби станува збор за воени злосторства.

„Русија дејствува на застрашувачки начин и тоа се гледа и повторува секогаш кога Русите се повлекуваат од деловите на територијата што ја окупираа во Украина. Можете да видите што оставаат зад себе“, рече пред новинарите шефот на американската дипломатија.

Украина денеска соопшти дека открила 450 гробови во Изјум, град североисточно од Харков, од каде неодамна беа протерани руските сили. Новинар на светска агенција соопшти дека најмалку едно од ексхумираните тела било со врзани раце.

Високиот комесаријат за човекови права на ОН соопшти дека планира „наскоро” да испрати екипа за проверка на наводите на украинските власти за откривање на стотици гробници во градот Изјум.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Блинкен: САД не сакаат операциите на Израел во Либан да станат долготрајна кампања

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Блинкен: Израел и Хамас да се изјаснат за отворените прашања за договор

Горан Наумовски

Блинкен ја заврши посетата на Блискиот Исток, без напредок во мировните преговори во Газа