Динамичниот начин на живот и постојаната трка за кариерен развој и престиж стануваат едни од базичните карактеристики на урбаните семејства кои живеат во светските престолнини.
Брзото темпо на живот наметнува и потреба од практичност при носење на важните животни одлуки, како што е изборот на нов дом.
Пониските трошоци за домување, блискоста до образовните институции и работните места ги прават станбените единици прв избор за нов дом за новоформираните модерни семејства.
Еден од најважните сегменти во изборот на нов дом на модерните семејства претставува локацијата. Токму локацијата на живеење овозможува голем дел погодности кои на едно семејство му се потребни.
Традиционалните семејства кои се состоеле од двајца родители, нивните биолошки деца, татко кој оди на работа и мајка која останува дома да се грижи за децата, сè потешко опстануваат во денешното ултрамодерно општество. Модерните семејства кои сега функционираат се разновидни, почнувајќи од самохрани родители до многудетни семејства.
Овие разновидни семејства имаат различни потребни кои динамичното живеење ги наметнува и треба да бидат задоволени. Доколку домот во кој овие семејства решиле да живеат се наоѓа на одлична локација која овозможува на дофат да имаат градинки, училишта, аптеки, здравствени установи, одлична конекција со работното место, а воедно и простор за рекреација, тоа многу ќе им го олесни секојдневното функционирање и ќе им обезбеди простор за уживање во скапоцените семејни моменти.
При избор на новиот дом, исто така, клучно е да се внимава на неговата функционалност. Добро осмислените функционални домови сериозно го унапредуваат живеењето со тоа што на семејствата им овозможуваат максимално искористување на просторот и обезбедуваат хармонична атмосфера која во домот внесува топлина и позитивна енергија.
Одличен избор за нов дом за урбани семејства на најдобра локација во Скопје, креиран истовремено модерно и функционално е објектот „Гранд Ривер“ кој се гради спроти хотелот „Холидеј Ин“. Станбените единици во овој објект се наменети за урбани луѓе кои живеат енергично, модерни семејства кои преферираат градска динамична средина и луѓе кои претпочитаат хибриден работен живот, на единствена локација во срцето на Скопје.
Објектот „Гранд Ривер“ е местото каде што можете да ја пронајдете вашата слобода и индивидуалност, да ги имате сите погодности на дофат, а, сепак, да уживате во сопствениот мир. Секој стан поседува сопствена тераса што овозможува целосно искористување на природната светлина и можност за уживање во погледот на најатрактивната локација во градот.
Воедно, објектот е дизајниран да овозможи максимален комфор на идните корисници, како и целосно искористување на погледот и природната светлина, како кон реката Вардар, така и кон планината Водно.
„Гранд Ривер“ како дел од комплексот „Гранд Скопје“ нуди единствена можност за неговите идни станари, како близина на модерна шопинг галерија во централниот дел на комплексот, но и простор за одмор и релаксација во строгиот центар на градот, кој го обезбедува софистицираниот урбан парк кој ќе биде составен дел од комплексот.
Сите оние кои се во потрага по нов дом, кој е совршено решение за модерниот начин на живеење, може да добијат персонализирана понуда во продажниот салон на комплексот „Гранд Скопје“ во ГТЦ на 1 кат или да го контактираат тимот задолжен за продажба на телефонските броеви: 070 355 351 и 070 233 055, како и на e-mail: [email protected].
ПР Текст