Двајца полицајци избодени на улица во Лондон, напаѓачот уапсен

Од:

Двајца полицајци се повредени денеска во напад со нож на улица во центарот на Лондон, а напаѓачот е уапсен, соопшти полицијата.

Нападот се случил на плоштадот Лестер, каде има многу туристи, но не во близина на Вестминстерската сала, каде илјадници луѓе чекаат на ред да и оддадат почит на кралицата Елизабета Втора, јавува АП.

Полицијата соопшти дека нејзини припадници „налетале на маж со нож“ и дека двајцата полицајци се во болница каде се чекаат информации за нивната состојба.

И напаѓачот по апсењето е во болница, а се сомничи дека нанел тешка телесна повреда и нападнал службено лице.

Полицијата ги истражува околностите на овој напад.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) 23-годишно момче е убиено во бизарниот напад со меч во Лондон

Скопјанец тврдел дека сам се повредил со нож

Инцидент во Велс: Избодени со нож се неколку лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Избегани армиски коњи трчаа низ центарот на Лондон

Инцидент во Виена: Тинејџер со ножици избодел другар

Горан Наумовски

Два напади со самострел во Лондон

Горан Наумовски