Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во Белград, каде што се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Средбата меѓу Вучиќ и унгарскиот премиер се одржа во зградата на Генералниот секретаријат на претседателот на Републиката, а по средбата Вучиќ на Орбан ќе му врачи Орден на Република Србија за извонредни заслуги во развивање и зајакнување на мирната соработка и пријателските односи меѓу двете земји.
View this post on Instagram
„Добре дојдовте драг пријателе. Со нетрпение ја очекувам нашата средба и разговор, кој се заснова на меѓусебно разбирање и доверба, но и на пријателството што го изградивме во текот на повеќегодишната соработка“, стои во описот на фотографијата.