Раст на инфлацијата во Франција во август

Од:

Францускиот институт за статистика и економски студии-ИНСЕЕ, INSEE ја ревидираше својата проценка за индексот на потрошувачките цени во август, според која инфлацијата достигна 5,9 отсто на годишно ниво, наспроти 5,8 отсто што се очекуваше во првата проценка, јави дописникот на МИА..

Детално, во текот на еден месец, цените на производите се зголемија за 1,8 отсто, поттикнати од крајот на летната распродажба. Во исто време, цените на храната, исто така, се зголемија, за 1,7 отсто, „поради скокот на цените на свежите производи“: особено е погодено свежото овошје, како и месото, млекото, сирењето и јајцата.

Спротивно на тоа, цените на услугите забавија, а цените на енергијата паднаа за 3,9 отсто. За една година, поскапувањето на енергенсите во август достигна 22,7 отсто, на храната 7,9 отсто, а на производните производи 3,5 отсто, се наведува во документот.

ИНСЕЕ очекува инфлацијата до декември да се движи „околу 6,5 отсто“, кога Банк де Франс прогнозира „пик“, на исто ниво како и националните статистичари.

Враќање во нормала не се очекува барем пред крајот на зимата. Оваа недела, министерот за економија Бруно Ле Мер, рече дека очекува силна инфлација до јануари или февруари 2023 година, пред да почне да се чувствува олеснување. И тимовите на Министерството за економија и финансии значително нагоре ја ревидираа својата прогноза за следната година, оценувајќи ја инфлацијата во просек на 4,2 отсто, наместо досегашните 3,2 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Раст на трошоците за живот, цените и инфлацијата

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел