Над 40 локални претставници потпишаа петиција за оставка од Путин: Им се заканува затворска казна

Од:

Над 40 локални претставници од 18 области во руските региони Москва, Санкт Петербург, Самара и Јакутск потпишаа јавно барање за оставка од претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Ние, општинските претставници на Русија, веруваме дека постапките на претседателот Владимир Путин ѝ штетат на иднината на Русија и нејзините граѓани. Бараме оставка од Владимир Путин од функцијата претседател на Руската Федерација“ се вели во соопштението, кое започна како иницијатива на 19 локални политичари.

Информацијата преку Твитер ја соопшти општинска претставничка од општината Семеново во Санкт Петербург, Ксенија Торстрем.

Петицијата доаѓа во време кога руските воени сили се соочуваат со тешкотии во Украина, откако украинските сили спроведоа контраофанзива во која брзо ослободуваат територии досега контролирани од Русите.

Ваквиот потег се случува откако викендов во земјата се одржаа првите избори од почетокот на инвазијата врз Украина. Се бираа над 31.000 функционери ширум Русија. Партијата “Единствена Русија” однесе убедлива победа, а опозицијата повторно го обвини Путин за изборни измами и местенки.

Петицијата на локалните претставници ги става во сериозен ризик, бидејќи во Русија се на сила нови прописи кои забрануваат да се критикува цпеијалната воена операција во Украина. Оние кои ќе ги прекршат овие прописи се соочуваат со казни до 15 години затвор, а некои руски граѓани веќе беа осудени по тој основ.

 

Би можело да ве интересира

Зеленски за заканите на Путин: Треба да се плаши од употреба на нуклеарно оружје

Горан Наумовски

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ