ВИДЕО: Во Белград почна Европрајд, неизвесно одржувањето на парадата

Од:

Со кревање на знамето пред Палатата Србија во Белград, денеска свечено беше отворен првиот Европрајд во Југоисточна Европа.

Овој најзначаен настан за ЛГБТИ+ заедницата ќе се случува во текот на целата недела, кога ќе се организираат 130 различни настани, а се треба да заврши со парада во сабота, која се уште не е сигурно дека ќе се одржи.

Еден од организаторите на Европрајд, Горан Милетиќ, изјави дека се уште се чека одлуката на државата и дека преговорите за парадата на гордоста се во тек.

„Со одржувањето на Еуропрајд, Белград ќе покаже дека градот е отворен за сите и еднаков за сите, дека градот се менува и дека правата на сите мора да се гарантираат“, рече Милетиќ, нагласувајќи дека ова е можност да се испратат пораки за толеранција, солидарност и еднаквост.

Според него, ова е првпат знамето да се подигне пред државна институција, што значи дека институциите мора да си ја завршат работата кога станува збор за заштита на правата на ЛГБТИ+ заедницата. Првиот чекор треба да биде итно усвојување на законот за истополови заедници, рече тој.

Во Србија со денови владее атмосфера на тензии и спорови околу одржувањето на парадата на гордоста, а предничат десничарските активисти и СПЦ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма на стрелиште во Белград: Маж се заклучи и се заканува дека ќе се самоубие

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скандалозно однесување на блокaдерите, нов инцидент во Нови Сад: Постара жена турната

Се урна авион во близина на Белград, пилотот е извлечен од вода

Во Белград в сабота ќе се одржи хуманитарен концерт во спомен на загинатите во Кочани

ВИДЕО: Драматични снимки од Белград: Пристигнаа уште 12 пациенти повредени во пожарот

Горан Наумовски

Авион со тешко повредени од Кочани слета во Батајница, веднаш се пренесен во болница