Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја предупреди Грција за последиците во случај на „авантура на сметка на другите“.
„Ако се впуштите во авантури на сметка на другите, ќе ги трпите последиците. Ова е предупредување за Грција“, рече Чавушоглу, говорејќи во Анкара.
Сојузниците на НАТО, Грција и Турција, постојано се наоѓаат на работ на вооружен конфликт поради територијални спорови. Новата рунда на тензии започна на 23 август, кога, според турското Министерство за одбрана, Грција распоредила системи за противвоздушна одбрана С-300 од руско производство за да ги гаѓаат турските Ф-16 за време на мисијата на НАТО. Грција го негира ова.
Во последните денови реториката меѓу двете земји нагло ескалира. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека Грција и се заканува на Турција со системи за противвоздушна одбрана С-300 и дека ќе плати „тешка цена“ ако „оди понатаму“.