Промовирани двојните дипломи на АУЕ – ФОН со меѓународни универзитети од Германија, Франција, Бугарија и Израел

Од:

Американскиот универзитет на Европа – ФОН денеска на свечен настан, на кој присуствуваа високи претставници од државниот врв ги промовираше новите студиски програми кои на студентите им овозможуваат стекнување на двојни дипломи со меѓународни универзитети од Германија, Франција и Бугарија. Како резултат интензивната меѓународна соработка, студентите на АУЕ – ФОН можат да добијат двојна диплома од областа на бизнис економија, менаџмент и финансии за прв и за втор циклус студии на Државниот Универзитет за применети науки од Митведа, Германија, како и на Високата школа за осигурување и финансии – приватен универзитет од Софија, Бугарија.

Заедно со Европскиот Центар за Меѓународно Образование од Ница, Франција (Centre International de Formation Européenne – CIFE), универзитетот овозможува и заедничка студиска програма за напредни последипломски студии за интеграција во Европската Унија. Во делот на неформалното образование пак, АУЕ – ФОН во соработка со ThriveDX од Израел, од оваа академска година започнува со специјализирани обуки за дигитални вештини од областа на сабјер безбедност, базирани на единствена електронска платформа за обука  и дизајнирани за успешно подготвување кадри за различни работни позиции во област на сајбер безбедноста.

Ректорката на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, проф. д-р Билјана Пулеска Јанушевска пред присутните гости истакна дека иако меѓународната академска соработка спаѓа во редовна активност на универзитетот, овој пат приоритетот бил целосно посветен  на создавање на дополнителни можности за пристап до квалитетно учење и личен развој на студентите согласно потребите на пазарот на трудот. Обезбедувањето квалитет на образовниот процес и создавање на конкурентни знаења и вештини е врвен приоритет на АУЕ – ФОН.

„Договорите за заеднички односно двојни дипломи, не само што ќе ги прошират знаењата и компетенциите, туку се креирани да создадат дополнителни можности за поединците и да се надминат долгите процедури за признавање на високообразовните квалификации во рамки на Европскиот образовен простор. Двојните програми се непроценливо корисни од академска перспектива, но да не ја заборавиме и можноста која младите најмногу ја сакаaт: да научат за новите култури и да се стекнат со практична работа во странство“, истакна ректорката на АУЕ – ФОН, Пулеска Јанушевска.

Серџ Велеско, деканот за меѓународна образовна соработка, од Универзитетот за применети науки во Митведа, Република Германија во своето видео обраќање пред присутните истакна дека во последните 10 години имаат регистрирано над 200 дипломирани студенти од 8 различни земји од Европа токму како резултат на меѓусебната соработка со различните универзитети.

„Нашето неодамнешно истражување покажа дека сите студени кои добиле двојни дипломи од нашиот универзитет се вработени и имаат богати кариери. Продолжете во сопствениот развој и иницирајте нови студиски програми, со цел на студентите да им овозможите нови перстективи“, порача Велеско.

Ректорот на Високата школа за осигурување и финансии (ВУЗФ) од Софија, проф. д-р на правни науки, Борис Велчев говорејќи за соработката со Американскиот универзитет на Европа – ФОН изрази верување дека преку образованието, науката, културата и деловните односи ќе изградат мост во развојот на добрососедските односи меѓу Бугарија и Северна Македонија и ќе ги зближи народите.

„Се погриживме во лицето на АУЕ ФОН да имаме партнер кој обезбедува највисок стандард на образовни програми. Како резултат на тоа, се отвори можност нашите студенти со минимален дополнителен напор да добијат две дипломи – македонска и бугарска. Во широкиот асортиман на економски дипломски и магистерски програми што ги нудиме, секој македонски студент може да се стекне со бугарска диплома, која е и европска диплома признаена во ЕУ и да ја најде својата професионална иднина. Преку нашите блиски деловни партнерства и контакти со големи бугарски компании, ќе им понудиме можност на студентите од Македонија да имаат пракса во ново деловно опкружување. За возврат, ние исто така ќе ги охрабриме нашите студенти од Бугарија да ги одберат програмите од АУЕ – ФОН и да го дополнат своето знаење“, истакна Борис Велчев, ректорот на ВУЗФ универзитетот од Софија.

Рој Зур, основачот и главниот извршен директор на ThriveDX од Израел изрази задоволство од соработката со АУЕ – ФОН кој станува регионален центар за сајбер безбедност за Западен Балкан.

„Нашата заедничка мисија со АУЕ-ФОН е да го премостиме јазот со недостаток на професионалци од областа на сајбер безбедноста. Соработката со универзитетот е дел од нашите глобални активности и напори да ги споиме заедно образовните институции, владините агенции, безбедносните системи и компаниите, за заштита на дигиталниот свет. Убедени сме дека нашето партнерство ќе има значајно позитивно влијание на регионот, заштитувајќи ги општествата, економиите и компаниите од сајбер напади, додека во исто време креираме кариерни можности за талентирани индивидуалци“, изјави извршниот директор на ThriveDX, Рој Зур.

Покрај промоцијата на двојните дипломи, денеска се оддржа и дебата на тема „ Младите и образованието како клуч за посилно евроатланско сојузништво“. Заеднички заклучок на дебатата од страна на учесниците беше дека потребно е лидерство, мудрост и визија со во процесот на донесување одлуки со цел да се обезбеди подобра заедничка иднина на сите граѓани во нашата држава, но и во регионот. Неопходно е да се помогне процесот на европеизација преку долгорочна стратегија и инвестиција во образованието.

На дебатата присуствуваа Кира Рудик, пратеничка во Врховната Рада на Украина и потпретседателка на АЛДЕ, Соломон Паси претседател на Атлантскиот Клуб на Бугарија, Исмет Рамадани поранешен пратеник и претседател на Евро-Атлантскиот Совет на Македонија, Моника Зајкова пратеничка и претседателка на Клуб на Млади во Собранието на РСМ, потоа Четин Казак поранешен член на Европскиот и професор на Нов Бугарски Универзитет, како и Нано Ружин поранешен амбасадор во НАТО и професор на АУЕ-ФОН.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

(ВИДЕО) Филиповска за канцерот: 50 отсто бев излечена во Истанбул, 50 отсто ме излечија во Македонија

А1он

АУЕ – ФОН и ThriveDx со прва генерација експерти за сајбер безбедност во Македонија

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Професор Емеритус Нано Ружин добитник на наградата Гоце Делчев за 2023 година

Катерина Ѓуровски

Со 84 рози и 12 бели гулаби АУЕ – ФОН ја одбележа годишнината од смртта на основоположникот на модерната турска држава, Кемал Ататурк

Ана Ололовска