Пендаровски-Матарела: Италијанска поддршка на политиката на проширување на ЕУ и за македонските евроинтеграции

Од:

Претседателот Стево Пендаровски со највисоки државни и воени почести го пречека претседателот на Италијанската Република Серџо Матарела кој престојува во официјална посета на земјата.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Италија, по што претседателите Пендаровски и Матарела одржаа заедничка прес-конференција која започна со едноминутен молк по повод смртта на Нејзиното Величество Кралицата Елизабета II.

На средбата станало збор за актуелните теми од билатералните односи и состојбите во регионот на Западниот Балкан, европските интеграции, безбедносните прашања и модалитетите за справување со последиците од економско-енергетските кризи со кои се соочува светот.

Во контекст на билатералните односи, било констатирано дека економската, парламентарната и секторската соработка се развиваат по нагорна линија, за што искажана е подготвеност за нивно натамошно продлабочување.

„Една од клучните теми, кои ги дискутиравме беше нашиот евроинтегративен процес. Сакам јавно да и се заблагодарам на Италија за поддршката на политиката на проширување на ЕУ и неспорната поддршка за нас во тој контекст. Имајќи предвид дека во претстојниот период нѐ чека напорна работа и вложување на сите национални капацитети, искуствата кои Италија е подготвена да ги сподели со нас, ќе ни бидат навистина корисни. За време на разговорите, потенцирав дека Северна Македонија останува кредибилен партнер на Унијата во справување со актуелните геополитички и безбедносни предизвици, за што зборува и фактот за нашето 100 процентно уогласување со заедничката европска безбедносна и одбранбена политика на Унијата. Како сојузници во НАТО, со претседателот Матарела, разменивме мислења и информации за војната во Украина и го реафирмиравме повикот за итно запирање на руската агресија врз една суверена држава“, рече Пендаровски.

Од италијанскиот претседател побарал поддршка во справување со последиците од енергетската криза, односно, да ни биде овозможен пристап до механизмите и инструментите на Унијата за ублажување на негативниот ефект од енергетската криза врз нашите држави.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска