Австрија и Унгарија се против ограничувањето на цената на рускиот гас

Од:

Австрија во моментов не може да гласа за предлогот на Европската комисија за воведување ограничувања на цената на рускиот гас, соопшти Министерството за енергетика на Австрија по повод состанокот на министрите за енергетика на ЕУ.

Министерството соопшти дека се работи пред се за санкции, а не за енергетско политичко прашање.

„Колку и да е болно, ние сепак сме зависни од рускиот гас“, нагласува Виена.

Министерството првите предлози на Европската комисија ги оцени како чекори во вистинска насока.

Министерката за енергетика Леоноре Гевеслер на средба со колегите од земјите членки на ЕУ ќе побарÐ ° да се намали цената со паметни мерки за намалување на потрошувачката на струја.

Предложеното ограничување на цената на рускиот гас е спротивно на интересите на Европа и Унгарија, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто пред вонредниот состанок на министрите за енергетика на ЕУ.

„Планот со кој ќе се воведе ограничување на цената само за рускиот гас преку гасоводот е целосно против европските и унгарските интереси“, рече Сијарто во видео снимка на Фејсбук.

Тој додаде дека тоа веднаш ќе доведе до прекин на испораките на руски гас и дека „не е потребна Нобелова награда за да се сфати тоа“.

„Ова утро ќе дадеме се од себе за Брисел конечно да разбере дека снабдувањето со гас не е идеолошко ниту политичко прашање, туку физичка реалност“, рече Сијарто.

Чешка, која претседава со Унијата, соопшти дека се обидува да го отстрани од дневниот ред на денешниот состанок прашањето за ограничувањата на цената на рускиот гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија се закани дека ќе ја нападне Велика Британија

Горан Наумовски

ФСБ приведе Русин кој по наредба на Украина планирал да разнесе судски згради

Руски наредник уби командант и пет војници

Република: НАТО директно ќе влезе во војна доколку Русија премине една од двете црвени линии

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ