Јован Вукотиќ, водачот на Шкаљарскиот клан е убиен вечерва во Истанбул. Вукотиќ беше во бегство откако по него беше распишана потерница под обвинение дека ги планирал убиствата Вељко Беливук на на Марко Миљковиќ. . Убиството на Вукотиќ ја продолжи долгогодишната криминална војна во која беа убиени повеќе од 60 луѓе.
Вукотиќ беше уапсен и во Турција во септември 2018 година, кога беше екстрадиран во Србија. Тој беше осуден од Вишиот суд во Белград на 15 месеци затвор за користење фалсификуван македонски пасош со негова слика.
Тој како што минатата година објави ВМРО-ДПМНЕ имал македонски пасош на име Ѓорѓи Андонов.
Со неговото убиство, Шкаљарскиот клан останува без водач бидејќи во 2020 година во Атина, Грција, беше убиен друг водач, Игор Дедовиќ.
Српските медиуми пишуваат дека во декември 2019 година, додека тој бил во притвор во Србија и чекал екстрадиција во Црна Гора, имало обид за убиство на Вукотиќ. Наводно, тројцата планирале да го отрујат со цијанид. Тоа никогаш не било докажано, но го тврдело српското обвинителство.
Следната година, наводно, било планирано и неговото убиство додека бил на разговор во полициската станица во Котор. Во кланската војна загинал и таткото на Вукотиќ, Веселин, додека неговиот брат Игор е во бегство.