Иванова: Скратете од Валентина и дајте ги парите за најсиромашните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не прифатија од плаќање радио дифузна такса да бидат ослободени корисниците на социјална помош, инвалидите, лицата со минимална пензија.

СДСМ и НСДП предложија 50.000 семејства со минимални примања od 1.700 do 5.400 денари да не плаќаат уште по 190 денари за оваа такса.

„Дајте му на човек власт и ќе го видите каков е. За вас не се важни луѓето кои се во социјален ризик, за вас е важна само парата, интересите на одредени луѓе и механизмот со кој ќе создавате поинаква претстава за реалноста. Со 8.000 денари дали може да ги покрие некој животните трошоци и плус да плаќа такса. Зошто не ги ослободите од плажање такса оние со детски додаток, а се борите за повеќе деца.Скратете од Валентина и дајте ги парите за најсиромашните. Вие се грижите за луѓето само за време на избори“, рече на комисиската расправа Цветанка Иванова од СДСМ.

Димитар Стеванаџија од ВМРО-ДПМНЕ реплицираше дека излагањето на Иванова било само вештачка театралност и емоционалност. Потсети дека во минатото, во време на СДСМ, таксата беше 380 денари.

Иванова побара, за да докаже Стеванаџија дека вистински се грижи за оваа категорија, да гласа за амандманот. Ние, му одговори, заборавивме од кога не сме на власт, и затоа не се враќајте назад.

Пратеникот од СДСМ Сугарески укажа дека сметки за радио-дифузна такса доаѓаат и на починати лица, а програмата на Јавниот сервис не ја одразува реалноста. Рече, програма се создава од некои кои како да се одлепени од реалноста. Праша од кога некој од опозицијата не е повикан на програмите на МТВ за да го искаже својот став.

Би можело да ве интересира

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

A1on

Собранието го донесе Законот за медиуми и други закони

Горан Наумовски

Главна цел на измените на Законот за медиуми треба да биде законската регулација на интернет порталите

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

A1on