17-годишниот руски пилот Сергеј Сироткин од идната сезона ќе вози за Заубер, објави официјалниот сајт на тимот од Формула 1.
Договорот со Сироткин е дел од условите на договор за партнерство меѓу Заубер и Рускиот национален институт за авијација и технологија, кој е предводен од таткото на пилотот, Олег Сироткин.
Младиот натпреварувач ќе дебитира во Формула 1 следната година.