Македонскиот првак Шкупи загуби од Тиквеш со 3:1 во одложениот меч од првото коло од Првата фудбалска лига што денеска се одиугра во Кавадарци. По заминувањето на тренерот Гоце Седлоски, тимот на Шкупи падна во формата.
Напаѓачот на Тиквеш, Барга Нгоба, во 23.минута донесе предност за домаќинот, а пет минути уште еднаш ја затресе мрежата на Шкупи.
На самиот почеток на второто полувреме Нгоба стигна до хет – трик, а потоа Шкупи остана и со играч помалку. Почесен погодок за тимот од Чаир постигна Реналдо Цефас.
Извор: Топспорт