Рускиот претседател Владимир Путин денеска се закани дека ќе го прекине снабдувањето со енергија доколку се воведат ограничувања на цените на извозот на руската нафта и гас, предупредувајќи го Западот дека ќе биде замрзнат како опашката на волкот во познатата руска бајка.
Говорејќи на Источниот економски форум во Владивосток, Путин рече дека европските повици за ограничување на цената на рускиот гас се „глупави“ и ќе доведат до повисоки светски цени и економски проблеми во Европа, објави Ројтерс.
Министрите за финансии на Г7 минатата недела објавија дека треба да се воведе ограничување на цената на руската нафта, тврдејќи дека тоа ќе ги ограничи ресурсите на Русија во борбата против Украина.
Меѓутоа, во тој случај Русија би се откажала од своите договори за снабдување, рече Путин.
„Дали ќе има некакви политички одлуки кои се во спротивност со обврските од договорот? Ќе има, со нивно неисполнување. Ние нема да обезбедиме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси“, рече Путин.
Русија ќе ја прекине испораката на сите нафтени деривати.
„Нема да испорачаме гас, нафта, јаглен, нафта за греење. Нема да испорачаме ништо. Ќе ни остане само едно: како во познатата руска бајка, би ја осудиле опашката на волкот да биде замрзната“, рече Путин.