Пендаровски-Чапутова: Земјите-членки на ЕУ да го следат принципиелниот однос на Словачка во поддршката на македонските евроинтеграции

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Словачката Република Зузана Чапутова која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во рамки на посетата, покрај тет-а-тет средбата, се одржа и пленарен состанок на официјалните делегации на Северна Македонија и Словачка, по што претседателот Пендаровски и претседателката Чапутова одржаа заедничка прес-конференција.

„Пријателството меѓу нашите две држави е засновано врз взаемната поддршка и почит, соработка во областите од заеднички интерес, но, пред сѐ, врз длабоките културни врски, за што е најзаслужно наследството на светите браќа Кирил и Методиј. Тоа наследство не потсетува на заедничкото минато, но, и не упатува на заедничката европска иднина, како своевидна мисија на обединување, токму како онаа на сесловенските просветители на времето.

Оваа посета го потврдува позитивниот тренд во развојот на билатералните односи, дотолку повеќе што се реализира кога нашиот пристапен процес кон Европската Унија е веќе започнат. Нам ни се добредојдени словачките искуства од процесот на пристапување кон Унијата, кои сигурно ќе ни бидат од голема помош во тој процес“, рече Претседателот Пендаровски.

„Во оваа прилика, сакам да се заблагодарам за постојаната и исклучително гласна словачка поддршка за македонските евроинтеграции. Токму кога беше најтешко, Словачка, како вистински пријател, без калкулации, не поддржуваше во сите ситуации.

Искрено, се надеваме на сличен пристап во иднина од сите земји-членки, следејќи го токму принципиелниот однос на Словачка, како една од движечките сили на Вишеградската група.

Во тој контекст, со претседателката Чапутова разменивме мислења и за зајакнување на регионалната соработка како важен сегмент во евроинтеграциите, при што разговаравме за успешниот модел на земјите од Вишеградската група чие што искуство може да биде корисен пример и за земјите на Западниот Балкан“, додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Пендаровски од Куманово: Поголема излезност за државата да чекори по зацртаниот пат

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пендаровски: Бројот еден е гаранција дека државата ќе продолжи по правилниот курс кон ЕУ

Горан Наумовски

Пендаровски: Пред вас граѓаните има две опции, едната што продолжува напред, другата што сака да нè врати назад

(ВИДЕО) Пендаровски во Маврово: Срамота е што Мицкоски ги моли коалиционите партнери за гласови за Сиљановска