Владата на Србија на денешната седница донесе одлука за новата максимална малопродажна цена на млекото.
Уредбата предвидува новата цена за литар долготрајно млеко со 2,8 отсто млечна маснотија да изнесува 128,99 динари. Во продавниците во Србија нема млеко или го има во многу помали количини. Тоа пред се се однесува на долготрајното млеко во пакување од еден литар.
Владата ја промени и максималната трговска маржа која сега наместо 12 отсто ќе изнесува пет отсто за сите видови млеко со долг век на траење.
До 30 септември е воведена забрана за извоз на свежо млеко и одредени млечни производи.