30 дена притвор за Димитар Спасов

Од:

На 23 годишниот Димитар Спасов кој вчера ја уби својата мајка Нада Спасова, истражниот суд од Велес му одреди 30 дневен притвор.

Од судот во Велес информираат дека Спасов е префрлен во истражниот затвор во Шутка во Скопје.

Од таму не даваат детали што кажал Спасов во своја одбрана, но кажаа дека не се бранел со молчење.

Пријателите на Спасов причината за вчерашното убиство ја гледаат во инцидентите кои ги правела неговата мајка. Според нив, Спасов не можел да го поднесе срамот и честото неморално однесување на неговата мајка, а за што често му префрлале сите познаници.

Поради тоа често во нивниот дом имало жестоки расправии меѓу неговата мајка и Димитар, кого го опишуваат како мирно момче кое било секогаш расположено да им помогне на другите.

Според кажувањата на негови пријатели, мајката која работела како хигиеничарка во пералната во болницата во Неготино, била под терапија со таблети поради „одредени психички проблеми“.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР