Владимир Путин на завршницата на големите воени маневри на рускиот Далечен Исток

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна на рускиот Далечен Исток, каде ќе присуствува на воените вежби во кои учествуваат неколку сојузнички земји, вклучително и Кина.

Како што изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рускиот претседател пристигнал на воениот полигон Сергеевски каде имал средба зад затворени врати со министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на рускиот Генералштаб Валериј Герасимов.

Тој додаде дека Путин по средбата ќе ја следи завршницата на воената вежба.

Воените маневри „Восток 2022″ (Исток 2022) се одржуваат на повеќе локации на рускиот исток и во Јапонското Море, со учество на повеќе од 50 илјади војници, 140 авиони, 60 воени брода и речиси пет илјади парчиња воена техника и борбени возила.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Путин е отворен за разговори со Украина за ненапаѓање цивилни цели

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Лидерите на Русија и Украина со јасни пораки за човекот кој жестоко ја критикуваше војната во Украина

ВИДЕО: Британски ловци пресретнаа руски авиони на границата на НАТО

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме