Во Солун избувна невреме кое доведе до неверојатни поплави, а доказ за тоа се неверојатните фотографии од улиците кои се претворија во реки. Невремето доведе и до прекин на електричната енергија, додека Цивилната заштита издаде предупредување до граѓаните.
Η βροχή μας φέρνει πέτρες από Σέιχσου. Ο Θεός βοηθός. #θεσσαλονίκη #καταιγίδα #βροχή pic.twitter.com/l93uFweLPW
— Onur Eryılmaz (@Nixtopoul) September 4, 2022
Цивилната заштита претходно преку 112 ги информирала жителите на Солун за претстојните временски настани, апелирајќи до граѓаните да го ограничат непотребното движење бидејќи временските појави ќе бидат интензивни, пренесува in.gr.
Во Солун поплавен е цел тунел. Штети имало и во предградијата на Солун, во Переја. Штети се забележани и на места на патот кон Халкидики, најмногу во Неа Каликратија. На тие места многу куќи претрпеа значителни поплави.
Ένας δρόμος κάπου στη Θεσσαλονίκη απόψε pic.twitter.com/ATRyHuSeoI
— ▪️?????? ??????????▪️ (@sleepygeor) September 4, 2022
Пороен дожд и грмежи се очекуваат од недела навечер до понеделник попладне во поголемиот дел од земјата, се вели во соопштението.
Според итниот билтен на Националната метеоролошка служба, до попладне ќе има преодно влошување на времето со локално пороен дожд и невреме во северна и централна Грција, кое ќе биде придружено со грмежи, град и засилен налет на ветер.
Како што се наведува, невремето ќе ги зафати Тесалија, Споради и постепено северна Евија, Беотија и Фтиотис.