Елиминиран шампионот на УС Опен, Кирјос го надигра Медведев

Од:

Актуелниот шампион на Ју-ес опен, Данил Медведев, не успеа да се пласира во четврт-финалето на последниот Грен слем. Светскиот број еден доживеа елиминација од Ник Кирјос.

Австралиецот, Кирјос по 176 минути игра, го победи Медведев со 3:1, по сетови 7:6 (11), 3:6, 6:3, 6:2. Кирјос и овој дуел го одигра фантастично и исто како неодамна на Мастерсот во Монтреал, забележа победа над рускиот тенисер.

Медведев не можеше да го задржи ритамот на мечот кој го посакуваше, Ник одлично сервираше, одигра агресивно и на крајот сосема заслужено по четврти пат славеше во петтата пресметка со тенисерот од Москва.

Клучен за целиот тек на мечот беше првиот сет, Кирјос тај-брејкот го доби со 13:11, откако Медведев не искорсти три сет топки.

Во вториот, Русинот личеше на себе, експресно дојде до 5:1, а потоа и до израмнување на 1:1.

Сепак во третиот и четвртиот сет на теренот постоеше само еден играч, Кирјос, кој буквално го збриша шампионот од теренот.

Кирjos во четврт-финалето ќе игра против Карен Хачанов.

Би можело да ве интересира

Проблеми за Медведев: Се повлече од турнирот поради повреда на рамото

Медведев беше пред елиминација – пресврт по три часа борба

Медведев откри кој е најдобриот тенисер на планетава

Предраг Петровиќ

Конечно го освоив овој прекрасен трофеј – Сабаленка во солзи по победата на УС Опен

Горан Наумовски

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Се активираше аларм на УС Опен: Сите натпревари беа прекинати