(ВИДЕО) Зеленски: Офанзивата на југот на Украина напредува

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека е постигнат напредок по почетокот на контраофанзивата против Русите на југот на Украина.

„Вооружените сили на Украина, нашата разузнавачка служба, специјалните служби веќе ги преземаат неопходните чекори за ова“, рече Зеленски во говорот објавен на Фејсбук.

„Овие чекори се слушаат. И секој може да види дека окупаторите веќе почнаа да бегаат од Крим. Ова е вистинскиот избор за сите нив.

Тој им се заблагодари и на „борците од 63-от баталјон на 103-та бригада за територијална одбрана“ кои ја ослободија населбата во регионот на Доњецк. „И 54-та бригада на релација Лисичанск-Сиверск направи добар исчекор, напредуваше и врати одредени делови од земјата“, додека „42-от одделен моторизиран пешадиски баталјон – благодарение на своите херојски дејствија, ослободи две населби на југот на нашата земја“. .

Кирил Тимошенко, заменик-шеф на кабинетот на претседателот, објави слика од војници кои го креваат украинското знаме над селото за кое рече дека е во јужна Украина.

Би можело да ве интересира

Се сретнаа Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русија нема да победи му порача Бајден на Зеленски, украинскиот претседател на средба со Трамп

Катерина Ѓуровски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Пристигна одговорот од Америка на најновата нуклеарна закана на Путин

Падна Украинск

Предраг Петровиќ

Најжестокиот напад на Трамп кон Зеленски: „Украина ја нема, не можам да ги заменам мртвите“

Горан Наумовски