Еден убиен и три ранети лица во пукотница во Словенија

Од:

Едно лице загина, а три други се ранети во престрелка во Словенија, додека осомничениот се уште е во бегство, соопшти полицијата во Ново Место, пренесе СТА.

Се верува дека осомничениот, 25-годишниот Мирко Пилингер, вчера убил 22-годишно момче од Ново Место, на главниот пат меѓу Мирне Печи и Ново Место кај Брежје.

Уште три лица, една жена и двајца мажи, на возраст меѓу 19 и 27 години, се ранети во престрелката и пренесени во болницата во Ново Место, јави СТА.

Во периодот од 23 до 2 часот ноќеска пред Итната помош во Ново Место имало и неколку полицајци, бидејќи таму биле собрани околу 100 лица, кои ги познавале повредените и починатиот, но немало нереди.

Полицијата соопшти дека осомничениот Пелингер, кој веќе имал криминално досие, е во бегство и дека е вооружен и опасен.

Потрагата е во тек, а истрагата продолжува.

Инцидентите со огнено оружје се ретки во Словенија и оваа е една од најлошите престрелки во последниве години, според СТА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Најниска стапка на наталитет во Словенија од самостојноста во 1991 година

Словенија бара на Израел да му се забрани учество на Евросонг

Се урна мал авион во Словенија, најмалку тројца загинати

Горан Наумовски

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег

ВИДЕО: Силно невреме ја парализираше Словенија

Лизгање на земјиште затрупа неколку куќи во Словенија

Горан Наумовски