Лукашенко: Се додека јас сум претседател, Белорусија нема да биде освоена од ниту една друга земја

Од:

Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека конфликтот меѓу украинската армија и претседателот Володимир Зеленски расте и дека врвот на несогласувањето може да се случи наскоро.

– Има растечки конфликт меѓу претседателот и армијата. Само војник може смело да каже: „Мораме да постигнеме мировен договор, бидејќи Украина може да биде збришана од лицето на земјата“, рече Лукашенко, пренесе ТАС С.

Лукашенко го обвини НАТО дека „ги подели Словените на спротивни страни“
Според белорускиот претседател, сè во Украина зависи „не од претседателот, туку од армијата“.

– Гинат на терен. Тие не гледаат перспектива. Полјаците на западот на Украина тријат раце, веќе споделија што ќе преземат – рече Лукашенко.

Лукашенко истакна дека се додека тој е претседател, Белорусија нема да биде освоена од ниту една друга земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск