Палестинска радикална група во Либан, блиска до Дамаск, соопшти дека една од нејзините бази јужно од Бејрут денеска била погодена од израелска ракета, но без значителана штета и повредени, објави телевизијата „Ал Манар“.
Телевизијата го цитира портпаролот на Народниот фронт за ослободување на Палестина – Генерална команда на Ахмед Џибрил.
Групата е позната по поддршката на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Портпаролот изрази збунетост поради нападите врз нејзините позиции во долината Наамех, откако друга сунитска група, поврзана со Ал Каеда ја презема одговорноста за вчерашниот рекетен напад врз Израел.