МФ: Се обезбедуваат 100 милиони евра за справување со енергетската криза и капитални инвестиции во водна инфраструктура во општините

Од:

Повеќе од 100 милиони евра обезбедува државата за справување со енергетската криза и за капитални инвестиции за подобрување на комуналната инфраструктура во општините. Вчера на владина седница беа усвоени одлуките, чијашто крајна цел е подобрување на условите за живот на граѓаните.

Со одлуката, од денеска на ЕСМ и се ставаат на располагање 3,1 милијарда денари или околу 50 милиони евра со цел компанијата да го зголеми производството и да обезбеди дополнителни количини на електрична енергија. Финансиската поддршка ЕСМ ќе ја искористи и за снабдување со основни суровини јаглен, мазут и друго што е во функција на поддршка на продолжување на производството на електрична енергија, а заради непречено снабдување со електрична енергија.

Ова е во насока на мерките што се преземаат за обезбедување непрекинато снабдување со електрична енергија во период на глобална енергетска криза.

Истовремено, средства во износ од 50 милиони евра се обезбедуваат и за реализација на капитални инвестиции за подобрување на водната инфраструктура на општините. Овие средства државата ќе ги обезбеди од Европската инвестициска банка, а општините ќе ги добијат како донација. Со ова државата значително им помага на општините за реализација на клучни инфраструктурни проекти во време на криза.

Вчера на владина седница беше усвоен предлог законот со кој се овозможува обезбедување на средствата и истиот треба да биде усвоен од пратениците во наредниот период. Проектот има за цел подобрување на условите и подигнување на квалитетот на животот на граѓаните и е дел од политиката на Владата за рамномерен регионален развој.

Овие средствата ќе бидат наменети за рехабилитација, модернизација и проширување односно изградба на инфраструктурата за водоснабдување, како што се довод за вода, станици за третман на вода, главни преносни мрежи на сурова или прочистена вода, мрежи за водоснабдување вклучувајќи пумпни станици и приклучоци на куќи, мерење на големо и на потрошувачи, мерки за енергетска ефикасност.

Понатаму, средствата ќе се користат и за рехабилитација, модернизација и проширување односно изградба на инфраструктура за собирање и третман на отпадни води, како што се канализациони мрежи вклучувајќи приклучоци за куќи и пумпни станици, пречистителни станици. Воедно, значајни се и предвидените капитални инвестиции за рехабилитација, модернизација и проширување односно изградба на системи за атмосферска канализација и итни мерки за заштита од поплави.

Имплементатор на проектот ќе биде Министерство за животна средина, а корисници на средствата ќе бидат општините и градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата, општините го добиваат првиот дел од 250 милиони евра за реализација на капитални инвестиции

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Во спортките клубови завршиле над 90 отсто од парите на општините наменети за невладини организации

A1on

Донесена одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за 66 проекти во општините во државава

Колева: ДПМНЕ да се заблагодари на граѓаните и на Владата за обезбедените пари за општините, не на Мицкоски

Предраг Петровиќ

Власта и општините не крателе од плати и патни трошоци туку од граѓаните за да ги покријат расходите во кризата