Бајден ќе одржи „важен“ говор во Филаделфија

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден утре во Филаделфија ќе да одржи „ефективен“ говор пред Холот на независноста, каде била усвоена Декларацијата за независност на САД во 1776 година.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека обраќањето на Бајден ќе биде за „континуираната битка за душата на нашата нација“.

Најавеното обраќање на Бајден е на само два месеци пред среднорочните избори. Според Белата куќа, тој ќе зборува за тоа „како положбата на нацијата во светот и нејзината демократија се ставени на коцка“.

Тој ќе зборува за прогресот што го направивме како нација да ја заштитиме нашата демократија, но како нашите права и слободи сè уште се нападнати. Тој ќе стави до знаење кој се бори за тие права, кој се бори за слободите и за демократијата, се истакнува во соопштението.

Бајден и претходно ги опиша изборите во ноември како избор меѓу „екстремните МАГА републиканци“ (слоганот на поранешниот претседател Доналд Трамп „направи ја Америка повторно голема“) и демократите.

Минатата недела тој на поддржувачите им порача дека треба да гласаат, буквално за „да се спаси демократијата повторно“, и ја етикетираше републиканската идеологија како „полуфашизам“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски