Италијанската полиција во багажникот на автомобил во близина на Бреша, Италија, пронашла изгорено тело на Албанец (40) од Косово.
Полицијата се сомнева дека мажот бил убиен на друго место, по што телото било донесено на местото каде било опожарено возилото.
Обдукцијата за утврдување на причините за смртта ќе биде извршена следниот вторник.
Италијанските медиуми јавуваат дека постои сомневање дека убиството е предизвикано од „нарко војна“ меѓу албански банди.
Утврдено е дека „ренџ роверот“ во кој е пронајдено телото е украден и дека е на странски државјанин кој сепак одлучил да не ја пријави кражбата на автомобилот.