Кривична пријава за две лица за злоупотреба на службена положба

Од:

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.К.(47) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „фалсификување службена исправа” и против Н.М.(24) од Сојузна Република Германија поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување” и „употреба на исправа со невистинита содржина”.

Првопријавениот, вработен во Управата за водење на матични книги, Подрачно одделение за матично работење Скопје, на второпријавената и издал извод од матична книга на родените за нејзината малолетна ќерка и во него внел невистинит матичен број и место на раѓање.

Ваквиот извод таа го употребила во прилог на барање за издавање на пасош на својата малолетна ќерка поднесено во Амбасадата на РСМ, во Бон, Сојузна Република Германија.

Би можело да ве интересира

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Голема измама со мобилни телефони во Европа, штетата е 300 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Бугарин во Хрватска како лажен лекар мамеше постари жени – уапсен е

А1он

Се претставил како директор, па ја измамил за илјадници евра

Горан Наумовски

Македонски државјанин е уапсен во Врање поради измама на жени