Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје го отфрли предлогот угостителите и малите бизниси да плаќаат такса за урбана опрема во текот на целата година

Од:

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија на денешната седница во Советот на Град Скопје гласаше против предложената точка угостителските објекти и мали бизниси да плаќаат такса за поставена урбана опрема во текот на целата година, вклучително и во месеците кога субјектите не ја користат.

„Сметаме дека во услови на тешки бизнис околности, силна енергетска криза со која Владата се соочува на катастрофален начин и инфлација која ги јаде заработките на претпријатијата кои се на работ на издржливост, наметнувањето на обврска да се плаќа такса за урбана опрема за месеците кои таа не се користи ќе преставува дополнително оптоварување на бизнисите.

Донесена е одлука да се отфрли таквиот предлог и претпријатијата и објектите да не плаќаат такса за месеците во кои таа нема да се користи“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“

Арсовска: Мицкоски несреќо, на кого се закануваш?

А1он

ВИДЕО: Скопје се дави во ѓубре, Герасимовски бара итна седница на ЗЕЛС

Мециновиќ: Надежта ќе ја претвориме во реалност, Скопје се разбуди

А1он