ВИДЕО: На средбата Пендаровски-Рот разговарано за билатералните односи меѓу С. Македонија и Германија

Од:

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Михаел Рот, претседател на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Германија, кои се карактеризираат со пријателство, исполнети со доверба и взаемно почитување и интензивен политички дијалог.

Претседателот Пендаровски истакна дека Германија која е движечка сила на Европската Унија во Западен Балкан е еден од нашите најблиски сојузници и најсигурни партнери во изминатите 30 години и изрази благодарност што евроинтеграцијата на Република Северна Македонија е висок приоритет на надворешно-политичката агенда на германската влада предводена од канцеларот Шолц, се наведува во соопштението од кабинетот на Претседателот.

На средбата се разговараше и за отворањето на пристапните преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија при што беше посочено дека тие се од суштинско значење во актуелните геополитички и безбедносни околности и во справувањето со влијанијата на руската агресија во Украина.

Соговорниците разменија мислења и информации за германската намера за заживување на Берлинскиот процес во втората половина на 2022 година, при што претседателот Пендаровски нагласи дека Берлинскиот процес не треба да се третира како замена за процесот на пристапување во ЕУ и додаде дека за Република Северна Македонија нема друга алтернатива освен полноправно членство во Европската Унија, информираат од кабинетот на Претседателот.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лажната скромност на Пендаровски, кажа дека не сака канцеларија, за ден потоа експресно да побара

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Ќе користи ли Пендаровски доживотна пензија? Што му следува по престанокот на функцијата на 12 мај

A1on

Инаугурацијата на новиот претседател треба да биде најдоцна на 12 мај, кога истекува мандатот на Пендаровски

Пендаровски го призна поразот: Резултатите се јасни, но мојата совест е мирна

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Пендаровски: Очекувам дека изборите ќе завршат во мирна атмосфера како што доликува на демократско општество

Горан Наумовски