Рекорден број странски туристи ја посетиле Шпанија во јули, што е добра вест за земјата, која е погодена од рецесија и која се соочува со висока стапка на невработеност, соопшти статистичката агенција за туризам Фронтур.
Агенцијата наведува дека минатиот месец Шпанија ја посетиле 7,9 милиони лица, што е за 2,9 отсто повеќе во однос на истиот месец минатата година.
Најголемиот број од туристите доаѓаа од Велика Британија (1,8 милиони), а потоа следуваат Франција и Германија (по 1,2 милиони).
Фронтур нагласува дека во првите седум месеци од оваа година Шпанија ја посетиле 34 милиони странци, што е 3,9 отсто повеќе во однос на истиот период минатата година.
Најголем пораст е забележан кај посетителите од Русија, за 31 отсто на годишно ниво.
Туризмот во Шпанија е втора по важност стопанска гранка, по производството на автомобили.