Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска нападната од граѓаните дека не треба да глуми загриженост после поплавите и невремето.
Наместо сега, требала да свика Кризен штаб многу порано, зошто со денови најавуваат дека ќе има невреме и обилни врнежи секој ден.
Повеќето градоначалници истрчаа по невремто да се сликаат дека се со граѓаните, како дел од веќе многупати видената пропаганда.
Данела Арсовска испрати пак нејзини фотографии со загрижено лице сред поплава во центарот на Скопје. Веднаш реагираа граѓаните дека е евтина и провидна пропаганда, каде Данела позирала да изгледа многу загрижено.
Зошто сте ја сликале како за на ковер на фб? Кај се жолтите чизми од Коце, а?
-Повеќе нејзе ја има на сликите одошто ситуацијата на теренот
-Уште некоја фотка стави од тебе, се дел од коментарите на скопјани под објавата на Град Скопје.
Во објваата на Град Скопје, од каде беа испратени фотографиите пишуваше:
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, раководеше со итниот теренски состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, по силното невреме кое во изминатите неколку часа го зафати Скопје, проследено со обилни врнежи од дожд, силен ветар и наноси на лисја и отпад и предизвика поплави на повеќе места низ градот. Во моментов, екипите интервенираат на повеќе од 30-тина локации каде има поплавувања по големото невреме.
– Сите екипи се мобилизирани и се на терен, меѓу кои и противпожарната бригада на градот Скопје, која со успешна интервенција успеа да спаси над 20 лица.Тимови составени од јавните претпријатија расчистуваат на терен и ќе останат се до целосно санирање на проблемите на критичните места и до нормализација на состојбата – истакна Арсовска.