Искусниот Бразилец, Вилијан, го комплетираше трансферот во Фулам. 34. годишниот фудбалер, како слободен играч се пресели во Фулам, откако го напушти Коринтијанс. Вилијам замина од Бразил поради смртните закани што ги добиваше тој и неговото семејство.
Фулам че биде третиот клуб од Лондон во кариерата на Вилијан. Претходно Бразилецот настапуваше за Челси и Арсенал.
За Челзи на 339 натпревари постигна 63 гола, додека за Арсенал постигна еден гол на 37 натпревари.
Извор: Топспорт