(ВИДЕО) Митрески: Опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно

Од:

Денес во Собранието одржавме редовна координација на која начелно договоривме начин на делување во следниот период. Во тој контекст сакам да испратам неколку пораки до сите пратениците. Пратениците како избраници, како претставници на граѓаните треба да работат одговорно и посветено токму во интерес на граѓаните. Во услови на глобалните предизвици, кои доведоа до економска и енергетска криза во светот, уште поголема е одговорноста на собранието и на секој пратеник. Очекувам секој пратеник со своето однесување да даде придонес за функционално и ефикасно собрание кое работи исклучиво во интерес на граѓаните, изјави денеска Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата.

– Тоа можам да го гарантирам во името на пратеничката група на СДСМ и коалицијата, во името на парламентарното мнозинство. Парламентарното мнозинство е тука за граѓаните, остануваме посветени на работата и имплементација на ветувањата пред граѓаните и политиките.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ одби да присуства на денешната координација кај претседателот на Собранието. Се надевам дека ќе се промени овој однос.

Не сакам да верувам дека во ВМРО-ДПМНЕ не ја научиле лекцијата, ниту дека не ја примиле пораката од граѓаните.

Повикувам опозицијата да ги научи лекциите од минатото и наместо блокади и деструкции да делуваат конструктивно и одговорно. Тоа е во интерес на сите граѓани.

Наместо активна и пасивна блокада, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии, навредување и попречување на работата, потребен е функционален и ефикасен парламент.

Да не дозволи да се повтори она што се случуваше во собранието, неразумни опструкции, блокади на важни закони за граѓаните, одолговлекување на пленарните заседанија и седниците на собраниските комисии.

Особено да не ни се повтроат сцените со навреди и попречување на дискусиите на пратениците на едно ниско, недемократско ниво кое не ни доликува и кое не донесе ништо, најмногу загуби ВМОР-ДПМНЕ во очите на граѓаните. Се покажа дека ниту една деструкција, блокада или опструкција не може да даде со плод, само се губи време и се трошат пари на граѓаните – нагласи Митрески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски