Неколку Израелци ранети во напад во палестинскиот град Наблус

Од:

Неколку Израелци се ранети откако синоќа влегле во палестинскиот град Наблус на Западниот Брег и се нашле под оган, соопшти денеска израелската армија.

Израелците отишле во еврејското светилиште во градот, но не договориле посета со војската како што е вообичаено согласно строгите мерки за претпазливост.

Кога избила престрелката, војниците влегле во градот, кој е под контрола на палестинските власти и нивните безбедносни сили, за да ги евакуираат Израелците, се вели во военото соопштение.

На Израелците им е забрането да влегуваат во области под целосна палестинска контрола, иако некои сè уште го прават тоа, пренесе Бета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израел презеде контрола над преминот Рафа

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски