Медведев: До крајот на годината цената на гасот може да биде 5.000 евра за илјада метри кубни

Од:

До крајот на годината цената на гасот во Европа може да се искачи на 5.000 евра за илјада метри кубни. Таква прогноза денеска објави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Во однос на поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ја зголемам предвидената цена на 5.000 евра до крајот на 2022 година”, напиша Медведев на Телеграм.

Медведев претходно објави дека во Европската унија „синото гориво” до крајот на годината може да достигне цена од 4.000 евра за илјада кубни метри.

Цената на гасот во Европа вчера ја надминаа бројката од 3.500 долари за илјада кубни метри, првпат од 8 март.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз