Ливерпул со 9:0 го победи Борнмут, Стерлинг го спаси Челси, хет-трик на Халанд против Палас

Од:

Фудбалерите на Ливерпул и напаѓачите на Сити Ерлинг Халанд и Челси Рахим Стерлинг, ги обележаа попладневните натпревари одиграни во рамките на четвртото коло во Премиер лигата.

Ливерпул ја забележа првата победа во новата сезона. Цехот за неуспесите во првите три рунди на „Енфилд“ го плати Борнмут. „Црвените“ во мрежата на Борнмут испорачаа девет гола во мрежата на Траверс.

Со тоа го израмнија рекордот на Премиер лигата кога се во прашање најубедливите победи. Пред нив тоа двапати успеа да го направи Манчестер јунајтед (1995 година против Ипсвич и 2021 година против Саутемптон) и Лестер кој пред три години со идентичен резултат го совлада Саутемптон.

Сити со нестварен пресврт во второто полувреме го победи Кристал Палас. Гостите од Лондон првиот дел го добија со 0:2. Сити, предводени од Ерлинг Халанд, во вториот дел испорачаа четири гола. Халанд постигна хет-трик, негов прв во Премиер лигата, а еднаш погоди и Бернардо Силва.

Члеси го совлада Лестер со 2:1 и покрај тоа што од 28.минута играше со фудбалер помалку. Галагер доби два жолти картони во 23. и 28.минута. Во второто полувреме Рахим Стерлинг со два гол аму ја обезбеди победата на Челси. Барнс го постигна голот за Лестер. „Лисиците“ се една од четирир екипи кои се уште немаат победа во лигата.

Брајтон продолжи со стартот од сништата. „Галебите“ го запишаа и третиот триумф, со голот на Паскал Грос го победија Лидс. Брајтон од можните 12 има освоено 10 бода.

Евертон не успеа да го победи Брентфорд и покрај тоа што до 85.минута имаше предност со голот на Гордон. Конечните 1:1 ги постави Јанлет.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Фудбалерите на Њукасл го победија Тотенхем во третото коло од Премиер лигата

Јунајтед донесе играч за врска од Мали

Предраг Петровиќ

Ливерпул трајно го промени изгледот на грбот, отстранети се три важни клупски симболи

Предраг Петровиќ

Скандал во Премиер лигата: Уапсени двајца фудбалери поради силување

Клоп револтиран на судењето на дербито против Сити: Дали ручале во ВАР собата

Предраг Петровиќ

Кашемиро: Не потценувам, но Премиер – лигата е многу потешка од Ла Лига