Вчера во 14 часот на регионалниот пат од село Мрзенци кон село Прдејци, полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор “Богородица“ дале знак за запирање на патничко моторно возило „форд мондео“ со германски регистарски таблички.
Возачот на возилото не запрел и се упатил во правец на Прдејци.
По преземени мерки, возилото набрзо било пронајдено и при преглед во истото и пребарување на теренот, биле пронајдени четири лица – мигранти од Сирија, додека возачот се дал во бегство. Известен бил Јавен обвинител и се работи на расчистување на случaјот.