Германскиот Кабинет предложи поостри анти-ковид мерки, Бундестагот треба да ги одобри

Од:

Германскиот кабинет во текот на вчерашниот ден одобри поостри мерки за превенција пред новоочекуваниот бран на Ковид-19 есенва, јави ДПА.

Меѓу мерките се и задолжително носење маска тип ФФП2 во авиони и возови на подолги релации на национално ниво.

Медицински маски ќе можат да носат и деца на возраст од шест до 14 години, како и персоналот.

Маските се задолжителни во клиники и домови за стари лица, а потребен е доказ за негативен тест на Ковид-19 пред да се влезе.

Сојузните држави ќе може да воведат дополнителни заштитни барања од 1 октомври до 7 април, зависно од нивото на инфекција.

Тука е вклучено задолжителното носење маски во локални автобуси и возови, како и во други јавно достапни затворени простории.

Исклучок за носењето маска е доколку лицето може да покаже негативен тест ако сака да присуствува на културни, рекреациски или спортски настани, но и за влез во ресторани. Исто така, барањето да се носи маска може да не важи, во случај лицето да докаже оти е целосно вакцинирано или закрепнато.

Овие планирани правила произлегуваат од концепт предложен од министрите за здравство и правда, Карл Лаутербах и Марко Бушмен, на почетокот од август.

Како што појасни Лаутербах, целта е да се избегне висока стапка на починати лица, изгубени работни денови и сериозни долгорочни последици.

Откако Кабинетот ги одобри мерките, тие сега се пред Бундестагот, каде може да поминат на 8 септември.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“

Шолц ќе побара гласање за доверба на владата на 11 декември

Малолетник планирал терористички напад во Германија: Сакал да го спроведе пеколниот план за време на божиќните празници

Марија Захарова: Политичкиот систем на Германија е класична „банана република“