Власта смисли криминален амандман за поткуп на националните телевизии и враќање на долгот од 3 и пол милиони евра на ВМРО-ДПМНЕ од изборите во 2011 година. Вака регираше опозозицијата според која граѓаните освен за МТВ, ќе треба преку буџетот да плаќаат и за националните телевизии за финансирање на сопствена продукција. Со амандманот од буџетот 50 посто ќе се покриваат трошоците за производство на документарна и играна програма на телевизииите.
Да ги симнеме маските, ова е најкриминалниот амандман. Граѓаните ќе го плаќаат долгот од три и пол милиони евра за камапањата на ВМРО-ДПМНЕ од 2011. Овој долг кој остана да виси. Главни побарувачи на долгот се Сител, Канал5 и Алфа. Колку потроши ВМРО-ДПМНЕ во 2011? Четири мииони евра, а вкупен приход имале еден милион евра. Перфидно е да плаќаат граѓаните радиодифузна такса, со 50 насто од наш џеб.
Член 10 од Законот за спречување на корупција забранува користење пари на граѓаните за политичка кампања. Сега ќе се има двоен ќар-телевизиите кои ќе ги одбере власта ќе имаат бесплатана продукција, која ќе ја продаваат како домашна на другите радиодифузери кои ќе мора да ја емитуваат и да земаат пари од тоа, рече Весна Бендевска од СДСМ.
Овој предлог е од Латас и навел колку му се потребни за домашна продукција, и тоа го пишува во амандманот. Тој барал 60 проценти за успешно да работи со домашна продукција и толку е напишано овде , рече пратеничката на СДСМ, Билјана Казанџиска.
Ова е корупција на приватните телевизии. Направете да биде во функција на тоа, а не во функција на корупција, не во функција на плаќање на долгови од избори на ВМРО-ДПМНЕ.
Вака се плаќаат долговите од претходните избори, знаете колку остана долгот, а пазете Љубе Бошкоски за 100 илјади евра го затворија, а овие од власта три милиони останаа должни, рече Благоја Стојановски од СДСМ.
Синоќа на фесбук профлиот реагираше и Радмила Шеќеринска за овој амандман.
Владата смисли нова, поголема корупција: ќе ги части своите ТВ со субвенции од 50%! Така ќе враќаат со буџетски пари за донациите со кои Сител, Канал 5… го частеа ДПМНЕ.
Затоа, по полноќ мора да не држат во Собрание – во ситните саати да се протнуваат вакви подароци од буџетски пари, напиша Шеќеринска.