Русковска по потврдената супспензија: На ни еден предмет не сум влијаела, можете да прашате било кој обвинител

Од:

Никогаш не сум влијаела на обвинители. Ова е ставот на суспендираната обвинителка Вилма Русковска, на која Советот на јавни обвинители и ја одби жалбата со која бараше да се врати на работа. Таа во изјава за „А1он“ посочува дека одлуката на Советот, донесена со мнозинство гласови, нема да коментира.

„Не коментирам одлуки на Совет на јавни обвинители“, вели Русковска за „А1он“ по што на прашање дали можеби би влијаела на двете предистраги за предметите поврзани со станицата за технички преглед и Финансиската полиција, што е аргумент на Советот, обвинителката одговори: „Јас по закон немам право да влијаам. По член 56 став 4, од Законот за јавно обвинителство“.

„На ни еден предмет не сум влијаела. Можете да прашате било кој обвинител од обвинителството“, посочи Русковска за „А1он“.

За тоа како ќе заврши кривичната постапка која се води против неа, Русковска рече: Тоа не можам да знам. Не сакам да коментирам, си постапува обвинител, негова ќе си биде одлуката“.

Претходно, Советот на јавни обвинители ја потврди одлуката за суспендирање на републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Претседателот на Советот, Антонио Јолески, кажа: „Jавната обвинителка би требало да биде оддалечена од работа, за да не влијае со своето присуство врз постапката на тој предмет, а да се утврди фактичката состојба“.

Како причина за супспензијата, републичкиот кривична постапка која се води против Русковска, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција.

Би можело да ве интересира

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ

За најмногу 60 дена Русковска ќе може да се врати на работа, а ќе остане суспендирана поради можноста да влијае

Кристијан Ландов

Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Кристијан Ландов

Во среда ќе се знае иднината на Вилма Русковска

Кристијан Ландов

Русковска го прогласи Јовески за ненадлежен: Дали претресот e законски одлучува судот

Кристијан Ландов

Повторно притвор за Јанакиески без сознанија за бегство, не е привилегиран како Мијалков

Кристијан Ландов