За најмногу 60 дена Русковска ќе може да се врати на работа, а ќе остане суспендирана поради можноста да влијае

Од:

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолески кажа дека обвинителката Вилма Русковска се жалела на дисциплинската постапка, а многу малку внимание обрнала на суспензијата. Тој посочи дека кривичната постапка треба брзо да заврши, по што Русковска би требало да се врати на работа.

„Имавме доста тешка работа кога се работи за јавни обвинители и кога имаме ваков случај. Многу ретко сме имале. Ги разгледавме сите факти, работи, околности за случајот. По тоа оценивме дека додека се води кривичната постапка, со цел да се утврди фактичката состојба во врска со постапувањето при претресот и предметот, односно анонимната пријава за Финансиската полиција, јавната обвинителка би требало да биде оддалечена од работа, за да не влијае со своето присуство врз постапката на тој предмет, а да се утврди фактичката состојба“, кажа Јолески.

Предметите како овој против Русковска траат највеќе до 60 дена, кога се носи одлука.

„ОЈО-ГОКК ќе треба да си ја продолжи и заврши постапката за она што се случувало во Финансиската полиција и тука би требало јавниот обвинител кој постапува да биде ослободен од влијанието на обвинителката Вилма Русковска и сепак можеби би влијаела врз тој предмет. Од друга страна, основот е додека трае кривичната постапка, а Основаното јавно обвинителство – Скопје побрзо да ја заврши постапката. Дел од доказите таму се обезбедени, дел се побарани, сметаме дека нема да трае долго време“, посочи Јолески.

Претседателот Јолески посочи дека и фактот што Вилма Русковска не го информирала Републичкото обвинителство за нејзиното постапување довело до оваа ситуација.

„Републичкиот обвинител не бил информиран. Задолжителното упатство донесено претходно посочува дека за секој настан, Основните јавни обвинителства да го запознаат Републичкото обвинителство. Овде изостана комуникацијата. Ние сакаме да утврдиме зошто отсуствувала соработката меѓу основниот јавен обвинител со републичкиот обвинител“, кажа Јолески дополнувајќи дека Русковска и до денеска не го информирала Републичкото обвинителство.

За посочувањата од Русковска дека имала притисоци, Советот на јавни обвинители не добил никакви информации освен тоа што го слушнал од јавноста.

„Во жалбата повеќе се осврнува на дисциплинската постапка. Овде се ценеше само дали треба да биде оддалечена од работа. Утврдувањето на факти во таа постапка се врши, таму ќе треба да ги доставува тие докази, пред дисциплинската комисија. Овде веќе е исклучена дисциплинската постапка“, кажа Јолески.

Би можело да ве интересира

Вилма Русковска не е повеќе јавен обвинител – Советот на обвинители едногласно ја разреши од функцијата

Анита Петровска Рајковиќ

Јолевски: Обвинителствата немаат доволно кадри, има 380 вработени од потребни 1.100

Русковска по потврдената супспензија: На ни еден предмет не сум влијаела, можете да прашате било кој обвинител

Кристијан Ландов

Русковска останува супспендирана, не убеди ниту еден член на Советот на јавни обвинители дека е во право

Кристијан Ландов

Во среда ќе се знае иднината на Вилма Русковска

Кристијан Ландов

Русковска го прогласи Јовески за ненадлежен: Дали претресот e законски одлучува судот

Кристијан Ландов