Најголем пад на британската економија во последните 300 години

Од:

Економијата на Обединетото Кралство забележа најголем економски пад во последните 300 години. Британскиот БДП падна за 11 отсто во 2020 година, што е најголем економски пад од 1709 година, објави британската канцеларија за статистика.

Падот на британската економија е последица на пандемијата на коронавирус, но тој е многу поголем отколку во другите западни економии, покажуваат најновите ажурирани статистички податоци.

Според историските податоци запишани од Банката на Англија, ова е најголемиот економски пад на Островот во последните три века.

Британското биро за статистика мораше да ги ревидира претходните проценки за падот на економијата во 2020 година. Нивните проценки беа дека БДП ќе опадне за 9,3 отсто, што ќе биде најлош резултат од Првата светска војна.

Новата проценка на статистичарите покажува дека во 2020 година Велика Британија претрпе најголем пад на БДП од Големиот мраз во 1709 година.

И пред оваа корекција, британскиот економски пад беше најголем во 2020 година во рамките на групата развиени земји Г7, а најновата ревизија го прави поголем пад од Шпанија, која забележа пад на БДП од 10,8 проценти.

Во меѓувреме, британската економија успеа силно да закрепне во 2021 година.

Но, брзиот раст на инфлацијата и постоењето на построга монетарна политика се закануваат дека британската економија повторно ќе влезе во рецесија на крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца